Останаа уште мал број влезници за дуелот Македонија – Исланд

Од:

Машката ракометна репрезентација на Македонија во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство 2018, во четврток во Скопје ќе игра против Исланд.

Квалитетот и реномето на противникот е добро познат, но и важноста на натпреварот за нашата репрезентација, која со победа сериозно ќе се приближи до пласман на ЕП.

Интересот на јавноста е голем, така да на два дена до почетокот на натпреварот, останати се уште мал број влезници во продажба. Натпреварот се игра во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Влезниците се продаваат на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, по цени од 100 денари (долни трибини – партер) и 200 денари (горни трибини). Влезниците може да се резервираат и на интернет страницата на МК Тикетс.

Би можело да ве интересира

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски

Ангеловски: Победа за сопругата која се бори со Ковид-19 и за критичарите што не веруваа во мене