Во Португалија со променет состав по два бода

Од:

Во составот на македонската ракометната репрезентација за гостувањето во Португалија повторно ќе го нема повредениот голгетер, Наумче Мојсоски, кој нема да настапи поради повреда. Нашата репрезентација со тројца нови играчи ќе атакува на победа против Португалците.

По одличниот настап во Скопје против Швајцарија, голманот Никола Митревски ќе биде во тандем со повратникот Борко Ристовски, додека се уште неоправениот Петар Ангелов ќе остане во Скопје. Ќе има промена и на крилните позиции, Стевче Алушевски и Гоце Георгиевски ќе бидат заменети со Гоце Ојлевски и Златко Мојсоски.

Во првото коло од нашата група, Македонија лесно ја победи Швајцарија со 30:24, додека Португалија катастрофално загуби од силната Шпанија со 34:20..

Двата натпревара од 2. коло од групата 1 се играат во недела, натпреварот Португалија – Македонија започнува во 18 часот по македонско време, а Швајцарија и Шпанија ќе играат во 16 часот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ