Македонија ја запиша својата втора победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025, откако во „Кале“ во Скопје, во нова драматична завршница успеавме да стигнеме до 79:75 (19:26, 21:20, 19:17, 19:12) триумф над Словачка.
По драматичната гостинска победа обезбедена со тројка во финишот против Данска, Македонија губеше во поголемиот дел од мечот, пред момците да се „разбудат“ во последната четвртина за сега да имаме 2-0 скор во групата Д, исто како и Шведска, која претходно со високи 99:75 ја совлада Данска.
Повторно најдобар во македонскиот состав беше Ненад Димитријевиќ, кој беше најефикасен со 20 постигнати поени, а неговата игра беше посебно одлучувачка во последната четвртина, кога постигна пет поени во низа за да ја обезбеди победата. Андреј Јакимовски додаде 15 поени, а Војдан Стојановски уфрли 15 поени.
Извор: Топспорт