Во Кавадарци прогласени најдобрите спортисти, спортски колективи и спортски работници за 2012 година

Од:

Во Кавадарци синоќа беа прогласени најдобите спортисти, спортски колективи и спортски работници во градот за 2012 година.

Претседателот на кавадаречкиот Сојуз на спортови Борче Ѓорѓиев посочи дека изборот е  направен во согласнот со годинешниве успеси во спортот.

Најдобар спортист е Надица Апостоловска, стрелец од стрелачкиот клуб „Кавадарци” а најдобар тренер Емил Рајковиќ од кошаркарскиот клуб „Фени индустри”. Најдобар колектив е „Фени индустри”, додека Сашо Атанасов директорот на спортската сала „Јасмин“ ја доби наградата за најдобар спортски работник.

За посебен интерес за развојот на спортот благодарница и пригодна награда доби градоначалникот Александар Панов.

Посебна благодарност му беше изразена на сопственикот на „Кожувчанка” Митко Јанчев за материјално помагање на спортските клубови и поединци.

Најдобар спортски новинар е Мики Виденовиќ. Медали и благодарници добија најдобрите поединци во сениорска и јуниорска конкуренција. Наградите ги врачија претседателот на Советот на општина Кавадарци магистер Илија Тренчев, советникот во општинскиот Совет Ристо Сакалиев и претседателот на Сојузот на спортови Борче Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов