Во април Македонија ќе ја отвори локалната канцеларија на RYCO

Од:

До крајот на април и официјално Агенцијата за млади и спорт ќе ја отвори локалната канцеларија на RYCO за Македонија.

За ова денеска информираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на средбата со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние и претставник од Германската амбасада во Македонија

Како што соопштија од АМС, на средбата се разговарало за спроведување на процесот и активностите на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан. Каевски ги информирал гостите дека процесот се одвива во одличен правец и дека во претходниот период се пристапи кон изборот за младински претставник, кој ќе ја претставува државата во Управниот одбор на RYCO и за првата меѓународна конференција за RYCO која ќе се одржи во Македонија.

– Во периодот од 20 до 22 март оваа година Репулика Македонија ќе биде домаќин на Првата стратешка меѓународна конференција за РИКО, на која учество ке земаат над 100 претставници на невладиниот сектор и државните институции од земјите потписнички на Меѓународната спогодба. На оваа конференција ќе се дефинира тригодишниот акциски план и идните насоки на Канцеларијата на RYCO, истакна Каевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска