Во Англија остварени последните трансфери во летниот преоден рок

Од:

Ноќеска на полноќ заврши летниот преоден рок, а последни звучни имиња со кои се засилија клубовите од Премиер лигата се Маруан Фелаини кој потпиша за Манчестер Јунајтед и Месут Озил кој стана нов играч на Арсенал.

Трансферот на белгискиот репрезентативец Фелаини од Евретон на „Олд Трафорд“ беше реализиран буквално во пет до 12 за сума од 27,5 милиони фунти.

Засилување доби и премиерлигашот Арсенал во името на германскиот репрезентативец Озил. „Топџиите“ за овој трансфер на Реал Мдрид му исплатија оштета од 42 милиони евра, додека платата на Озил ќе биде седум милиони евра по сезона.
Договорот на Озил со Арсенал е со важност од пет години.

Евертон го изгуби Фелаини, но како позајмен играч од Челзи го доби белгискиот репрезентативец Ромел Лукаку. Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо одлучи да го испрати овој млад 20-годишен фудбалер една година  на „Гудисон Парк“ со цел добивање поголема минутажа и можност за напредок.

Позајмен фудбалер доби и шампионот Манчестер Јунајтед. Покрај Фелаини ново име на „Олд Трафорд“ ќе биде и португалскиот репрезентативец Фабио Коентрао.

Левиот бек на Реал Мадрид остатокот од сезоната ќе го одигра во дресот на Манчестер во обид да му помогне во одбраната на титулата во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска