Винокуров платил за победа

Од:

Олимпискиот шампион е обвинет дека на нелегален начин се стекнал со триумф, во последниот од низата скандали, што го тресат светскиот велосипедизам.

Казахстанецот Александер Винокуров му платил 150.000 евра на рускиот велосипедист  Александер Колобнев, за да ја осигура победата на спринтот од Лиеж-Бастоњ-Лиеж, што се одржа во април 2010-та година.

Ова тврдење го објави престижниот италијански весник Кориере Дела Сера, откако швајцарскиот магазин Л’Илустра ја објави оригиналната сторија.

Италијанците објавија мејл комуникација меѓу двајцата возачи со договор и со детали за трансакцијата, а швајцарските власти ги обезбедија доказите од банката каде што бил извршен трансферот на парите.

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

А1он

Хронометар велосипедска трка во Маврово

Ана Ололовска