Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Од:

Четиринаесет здруженија на велосипедисти од целата држава основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија, а „Антигонеа бајкинг“ од Неготино е еден од основачите, информираа вечерва од неготинското здружение.

– Основачкото Собрание се одржа пред два дена во Неготино. СВЗМ е основан со цел унапредување и промоција на велосипедизмот во Македонија, промоција на велосипедските патеки и настани во државава, како и меѓусебна поддршка на здруженијата за велосипедизам. Од името на СВЗМ топло ги покануваме сите останати велосипедски здруженија да ни се придружат, со единствена цел, заеднички да ги оствариме нашите идни планови и цели. Бидејќи заедно сме посилни, заедно можеме повеќе, рече за МИА, неготинецот Ристе Јанев, претседател на „Антигонеа бајкинг“ – Неготино.

Неготинскиот велосипедски клуб постои три години.

– „Антигонеа бајкинг“ – Неготино е здружение на граѓани на сите категории вљубеници во велосипедизмот и други рекреативни планински активности. Се залагаме за организирање манифестации, разни акции, активности и јавни дебати за промоција на велосипедизмот и други рекреативни планински активности. Ние преземаме и активности од хуманитарен каракатер, за поединци или групи, што се наоѓаат во тешка економска, социјална или здравствена положба, нагласи Јанев.

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за подигнување на свеста за нивна безбедност

Ана Ололовска

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

А1он

Хронометар велосипедска трка во Маврово

Ана Ололовска