Шпанскиот фудбалер Давид Виља најави дека го напушта сегашниот клуб Њујорк Сити, но ќе остане да игра уште една сезона во тимот.
Според изданието „Депортес Куатро“, Виља ќе стане соиграч на поранешниот колега во националниот тим на Шпанија, Андрес Иниеста во јапонскиот Висел Кобе.
Иниеста и Виља беа дел од златната ера во историјата на шпанската репрезентација, откако го освоија Европската првенство во 2008 година во Австрија и Швајцарија и светската титула во 2010 година во Јужна Африка. Виља не беше вклучен во тимот за ЕП 2012 во Украина и Полска.
Во јапонската лига игра уште еден од легендарните шпански играчи – Фернандо Торес, кој настапува за Саган Тосу.
Давид Виља е поранешен играч на Спортинг Хихон, Сарагоса, Валенсија, Барселона, Атлетико Мадрид, Њујорк Сити и Мелбурн Сити. Најголемите успеси ги постигна со тимот на Каталонците, со кој два пати беше шампион на Шпанија (2011 и 2013 година), еднаш го освои Купот (2013), два пати Суперкупот на Шпанија (2010 и 2011) и по еднаш Лигата на шампионите (2011), Супер Купот на Европа (2011) и Светското првенство (2011).
Тој стана најдобар стрелец на Европското првенство во 2008 година со четири гола. Виља е и најдобриот стрелец на сите времиња за Шпанија со 59 гола.