Викендов во Струмица завршница на одбојкарскиот куп во машка и женска конкуренција

Од:

Од утре до недела во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржи завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

На финалниот турнир во машка конкуренција учествуваат екипите на Џио Струмица, Вардар, Универзитет Тетово и Шкендија, а во женска екипите на Струмица Жени, Вардар Жени, Јанта Волеј Кисела Вода и Работнички.

Домаќините и техничките организатори на турнирот, екипите на Џио Струмица и Струмица жени, на денешната прес-конференција, ги соопштија термините за полуфиналните и финалните мечеви и очекувањата од завршницата на купот.

Според Трајче Атанасов од Џио Струмица натпреварите ќе се одиграат без присуство на публика, а МТВ ќе ги пренесува на третиот програмски канал, како и на страниците на двата клуба на социјалните мрежи.

– Им се заблагодарувам на компаниите од Струмица кои помогнаа да се организира овој финален турнир, како и на Општина Струмица, рече Атанасов.

Капитенот на Џио Струмица, Васе Михаилов, рече дека неговата екипа е фаворит за освојување на купот.

– Очекувам во финалниот натпревар да се сретнеме со екипата на Универзитет Тетово, со која последен пат игравме во Струмица и претрпевме пораз од 3:2. Оваа недела изработивме добро со нашиот тренер Кирил Ричлиев и знаеме каде беа нашите грешки и ги исправивме. Не бегаме од улогата на фаворит и наша цел е да го освоиме купот, бидејќи сме поискусни и поквалитетни и играме дома, рече Михаилов.

Претставниците на Струмица жени потенцира дека за нив е успех што само по две години од постоењето на клубот стигнале до завршницата на купот.

– Нашите амбиции се да стигнеме до финалето и да се обидеме да го освоиме купот.Ние се потпираме само на домашни одбојкарки, односно немаме засилувања од странство за разлика од нашите противници. Ние во досегашниот тек на првенството покажавме дека имаме квалитет и освен со Јанта Волеј имаме победи против останатите. Тоа ќе ни биде дополнителен мотив да победиме и да покажеме дека сме во врвот на македонската женска одбојка,рече тренерот Атанас Милев.

Според програмата во петок и сабота се полуфиналните мечеви додека во недела се играат финалните натпревари по кои ќе бидат познати имињата на новите носители на куп титулите.

Во машка конкуренција Џио Струмица во полуфиналето ќе се сретне против Вардар Скопје, додека во вториот полуфинален меч мегдан ќе поделат Универзитет Тетово и Шекендија. Полуфиналните мечеви се играат утре, а победниците од овие два меча в недела ќе играат за титулата.

Во женска конкуренција во полуфиналето Струмица Жени игра со Јанта Волеј Кисела Вода, додека во второто полуфинале се среќаваат Работнички и Вардар Жени.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Познати противниците на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022

Ана Ололовска

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Ана Ололовска