Во четвртфиналето од италијанскиот Куп, Јувентус по продолженија со 2:1 го елиминира Милан и му се приклучи на Лацио во полуфиналето.
Веќе во 6. минута Ел Шарави со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Сторари за водство од 1:0.
Радоста на „росонерите“ траеше само шест минути, откако Џовинко со фантастичен погодок од слободен удар донесе изедначување и тоа беше резултат по 90 минути.
По само четири минути игра од првото продолжение Мирко Вучиниќ го искористи додавањето од Де Челје за конечни 2:1.