Ракометарите на Вардар ја освоија шампионска титула во регионалната СЕХА лига, откако вечерва го победија ППД Загреб со 26:24 во финалето на Ф4 турнирот што се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
За „црвено-црните“ ова беше четврти трофеј во седмото издание на СЕХА лигата.
Вардар е втор тим што ја одбранил титулата и втор тим што пред домашна публика ја освојува титулата.
Ова сезона вардарците ја завршија без пораз со само едно реми што никому досега не му успеало.
Третото место на Ф4 турнирот го освои Цеље откако во „малото финале“ го победи Мешков Брест со 31:28.