(ВИДЕО) Ужас во Аргентина: Натпреварот на Бока прекинат поради тепачка меѓу навивачи и полиција, има жртви

Од:

Тепачките и немирите за време на натпреварот на Бока ескалираа толку многу што мечот беше прекинат.

Во еден момент дојде до огромен конфликт меѓу навивачите и полицијата. И пред почетокот на натпреварот беа забележани нереди околу стадионот, но сето тоа се прошири и на теренот, па мораа да реагираат и челниците на полицијата.

Главниот судија одлучи да го прекине натпреварот меѓу двата тима, а полицијата дури беше принудена да употреби солзавец за да ги смири нередите.

Фотографии и видеа кои кружат на социјалните мрежи покажуваат повредени навивачи.

Како што информираат од полицијата, тие биле принудени да употребат солзавец, бидејќи не биле сигурни дека можат да ја контролираат ситуацијата.

Потврдено е дека едно лице загинало, а бројот на повредени засега не е познат.

Серџо Берни, министер за безбедност на Буенос Аирес, рече:

„За жал, најмалку едно лице е мртво“.

Повредениот навивач имал проблеми со срцето, а солзавецот кој бил испукан само ја влошил неговата состојба.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска