ВИДЕО: Урнебесен спот на Хрватскиот фудбалски сојуз, навивачите го исмеаја

Од:

Хрватските фудбалски власти влегле во вистински шпионски филм за да го промовираат новиот дрес што ќе го користи фудбалската репрезентација, кој содржи вграден микрочип.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) нарачал невообичаен, акционен видеоспот со чудна приказна, кој фановите на „коцкестите“ го дочекаа со потсмев и критики.

Видеото почнува со портпаролот на ХНС, Томислав Пацак, кој работи нешто околу дресот, по што му го предава на човек на мотор, а во позадина се гледа возило со затемнети стакла и двајца агенти кои го следат моторџијата.

По ова, почнува бркотница низ улиците на Загреб меѓу вработените во Федерацијата и луѓето кои од некоја причина сакаат да го украдат дресот.

По неколку менувања на возила, дресот пристигнува во седиштето на ХНС, каде го дочекува претседателот Давор Шукер, со насмевка како од филмски негативец.

Според реакциите на социјалните мрежи, спотот, кој за еден ден има околу 40.000 прегледи на Јутјуб, не им се допаѓа на големото мнозинство од навивачите, Меѓу коментарите има такви што се потсмеваат со преамбициозната идеја на хрватските фудбалски власти, но и такви кои прашуваат зошто морало да се потрошат парите на Федерацијата на очигледно скапиот спот, кој сепак изгледа евтино.

Новиот дрес ќе има своја премиера во сабота, кога во рамките на Лигата на нациите, Хрватите ќе ја пречекаат Португалија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски