ВИДЕО: Туре и Тевез прецизни за сигурна победа на Сити против Челзи

Од:

Во дербито од 27. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити на домашен терен славеше против екипата на Челзи со резултат 2:0.

После победата на Јунајтед на гости против КПР побегна на +15, па јасно бепе дека избраниците на Роберто Манчини денес немаат многу избор и дека победата е едниствено нешто што може да ги задоволи.

Сити беше подобар противник и заслужено славеше. Во првиот дел домаќините имаа неколку добри можности. Во 15 минута Настасиќ се обиде со глава после корнерот кој го изведе Силва но Чех беше на вистинското место и спречи рано водство за Сити. Најдобрата можност во првиот дел за домаќините не ја искористи Агуеро, кој доби одлична топка од страна на Силва, но наместо да упати удар кон голот на Челси, аргентинецот се одлучи за дриблинг кој на крајот заврши неуспешно.

Веќе на стартот на второто полувреме Челзи имаше извонредна можност да поведе. Демба Ба се најде во шеснаесетникот на домаќините, Харт се обиде да го спречи да постигне погодок но, на крајот направи прекршок за најстрога казна. Лампард го изведе ударот од белата точка во долниот десен агол, но англискиот голман извонредно одбрани.

Во 64. минута пристигнува казната за Челси. Карлос Тевез одлично го вработи Јаја Туре, кој лесно се справи со одбраната на гостите и на крајот со фантастичен удар во спротивниот агол постигна погодок.

Челси после примениот погодок се повеќе ризикуваше, а како натпреварот се ближеше кон крајот имаше се повеќе простор за контрите на Сити. Пет минути пред крајот, Агуеро тргна кон голот на Челси, топката се одби до Силва, кој додаде до Тевез, а овој од 23 метри постигна маестрален погодок за 2:0, што значеше крај на сите надежи за гостите од „Стемфорд Бриџ“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска