ВИДЕО: Триумф на Наполи со две асистенции на Пандев

Од:

Фудбалерите на Наполи синоќа пред своите навивачи постигнаа убедлива победа против Рома од 4:1 на последниот натпревар од 19.коло во Серија А. Белег на натпреварот даде Единсон Кавани, кој постигна хет-трик, а во два наврати му асистираше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Стрелец на четвртиот гол за Наполи беше Кристијан Маџо, а голот за Рома го постигна Пабло Даниел Освалдо.


И на овој натпревар беше покажан црвен картон, откако во 75.минута, гостинскиот играч Миралем Пјаниќ беше исклучен поради втор жолт картон, што претставуваше седмо исклучување на натпреварите од ова рунда.

Со оваа победа и освоените три бода Наполи се искачи на третото место на табелата намалувајќе ја преднста на лидерот Јувентус на седум бода, а на второпласираниот Лацио на два бода.

На другите натпревари од 19.коло во Италијанското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Милан – Сиена 2:1, Фиорентина – Пескара 0:2, Џенова – Болоња 2:0, Јувентус – Сампдорија 1:2, Парма – Палермо 2:1, Киево – Аталанта 1:0, Удинезе – Интер 3:0, Лацио – Каљари 2:1 и Катанија – Торино 0:0.

Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Наполи 37, Фиорентина 35, Интер 35, Рома 32, Милан 30,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска