Убедлива победа од 3:0 против Удинезе постигна синоќа екипата на Лацио пред своите навивачи на „Олимпико“ во Рим за фаќање приклучок со водечките четири екипи на табелата во Серија А.
Головите за „лацијалите“ на натпреварот со кој беше комплетирано 14-то коло во Италијанското фудбалско првенство ги постигнаа Алваро Гонзалес, Мирослав Клосе и Хернанес.
Претходно се одиграа другите натпревари од оваа рунда на кои се постигнати следниве резултати: Каљари – Наполи 0:1, Парма – Интер 1:0, Палермо – Катанија 3:1, Аталанта – Џенова 0:1, Киево – Сиена 0:0, Пескара – Рома 0:1, Сампдорија – Болоња 1:0, Торино – Фиорентина 2:2 и Милан – Јувентус 1:0.
Табела: Јувентус 32 бодови, Наполи 30, Фиорентина 28, Интер 28, Лацио 26, Рома 23, Парма 20, Катанија 19,.