ВИДЕО: Тотенхем го покори „Олд Трафорд“

Од:

Фудбалерите на Тотенхем ја прекинаа серијата од 22 натпревари без победа над Манчестер Јунајтед, откако во претпоследниот меч од шестото коло во Премиер лигата, со 3:2 победија на „Олд Трафорд“.

Тотенхем одлично го отвори мечот и по половина час поведе со 2:0, стрелци Вертонхен и Бејл. Јунајтед намали преку Нани веднаш на стартот на вториот дел, но Демпси со деби голот во дресот на Тотенхем му ја врати предноста од два гола на екипата од Лондон. Веднаш во следниот напад „црвените ѓаволи“ намали на 2:3 преку Кагава, што на крајот се испостави дека е конечниот резултат.

Шестото коло мина во знакот на Луис Суарез, кој со три гола, го предводеше Ливерпул до првата сезонска победа. „Црвените“, како гости го демолираа Норич со 5:2.

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити многу тешко стигна до победата над Фулам. Домашниот тим дојде до водство со голот на Петриќ од пенал, израмни Агуеро, а трите бода на Сити му ги донесе Џеко во 87-та минута. Репрезентативецот на БиХ во игра влезе една минута предтходно.

Сигурни победи забележаа Евертон на Саутемптон 3:1, Сандерленд над Виган 1:0 и Стоук над Свонси 2:0, додека Рединг и Њукасл ремизираа 2:2.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска