ВИДЕО: Судот реши, Ѓоковиќ треба да ја напушти Австралија

Од:

Федералниот суд донесе одлука дека жалбата на адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ по одлуката на министерот да му биде укината визата е отфрлена. Со ова Ѓоковиќ нема право да остана во Австралија, ќе мора да ја напушти земјата и нема да настапува на Австралија Опен.

Тројцата судии едногласно ја донеле одлуката. Ѓоковиќ ќе треба да ги плати и трошоците за судењето.

Судот ги повика адвокатите во следните триесетина минути да го известат за следните активности и околу тоа дали ќе има нови поднесоци.

Речиси веднаш по објавувањето на одлуката, стигнаа и најави дека Ѓоковиќ за неколку часа ќе тргна за Србија.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ тајно бил примен во Ургентниот центар во Белград

ВИДЕО: Дебакл на Ѓоковиќ во Рим, декласиран од 32 тенисер во светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами