ВИДЕО: Суботиќ е снежниот човек на Дортмунд

Од:

Шампионот на Германија славеше со 2:0 на гостувањето во Фрајбург, кое се одигра на снежен терен по обилните врнежи во текот на денот.

За Борусија Дортмунд ова е само втората победа во Бундеслигата во последните пет одиграни кола, откако составот на Јирген Клоп со 2:0 беше подобар од домаќините.

Натпреварот се одигра во крајно тешки услови, со црвена топка по снежниот терен, на кој подобро се снајдоа и повеќе среќа имаа „милионерите“.

Двата погодока вредни три бодови беа дело на Невен Суботиќ по еден прекин во 54. минута, кога тој најдобро се снајде по нафрлената топка од Марио Геце, кој самиот во 83. минута ја потврди победата на гостите.

Резултати:

Шалке – Нирнберг 0:0

Фортуна Дизелдорф – Волфсбург 1:3
(Лангенеке пен 71 – Дост 50, пен 64, Олиќ 53)

Мајнц – Хофенхајм 3:0
(Шалаи 21, 46, 64)

Гројтер Фирт – Вердер Бремен 1:1

(Еду 8 – Петерсен 44)

Фрајбург – Борусија Дортмунд 0:2
(Суботиќ 54, Геце 83)

недела:

Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт (15.30)
Баерн Минхен – Баер Леверкузен (17.30)
Хановер – Борусија Менхенгладбах (17.30)

 

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска