ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Од:

Сопругата на НБА ѕвездата Стеф Кари, Ајша Кари и неговата мајка Соња Кари, беа вклучени во тензичен судир со француската полиција.

Овој инцидент се случи откако машката кошаркарска репрезентација на САД го освои златото на Олимписките игри во Париз.

На видеото објавено на Јутјуб, се гледа како Ајша ги брише солзите од лицето додека нејзината свекрва разговара со полицајците на улица.

Тие наводно го спречиле семејството да се врати во нивното возило.

Иако не е јасно што точно се случило за време на судирот, Соња се слуша како вика дека некој „го допрел бебето“ среде хаосот.

Бебето било во кенгур, додека таа го држела за рака својот шестгодишен син.

„Гледајте, нема да не пуштат да се вратиме од каде што дојдовме. Нема да го пуштат шоферот да дојде овде и нема да не пуштат да се вратиме таму“, рече Соња.

Еден од полицајците и се извини на Ајша.

„Извини за бебето“, рече полицаецот.

Стеф не се гледа на видеото, но на крајот интервенираше неговиот соиграч Дрејмонд Грин.

„Значи, дури и откако ќе го удри бебето во глава, сè уште не можете да направите ништо за да го извлечете одовде“, ги прашал Грин полицајците пред да се прекине видеото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на тешко повредени во инцидентот во Минхен, уапсен е возач по потекло од Авганистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов инцидент во Белград: Автомобил повреди две жени на блокада

Горан Наумовски

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за ученикот кој падна од прозорец

А1он

17 годишно момче доживеа струен удар, се качил на цистерна вагон

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море