На фестивал нападна полицаец, го гризна за глава – ќе помине шест години во затвор

Од:

Бизарен инцидент е снимен на музички фестивал на 5 мај минатата година во Флорида, а оваа недела доби и судски епилог.

Џејмс Андерсон (37) е осуден на 6 години затвор затоа што нападна полицаец и тешко го повреди, пишува New York Post.

Судот утврди дека Андерсон под дејство на наркотици го нападна полицискиот службеник, го гризна на главата и му откорна дел од месото.

„Насилството врз полицајците нема да се толерира, а криминалците кои ќе решат да го направат тоа ќе одговараат. Ова е најлошата рана од каснување што сум ја видел, а осудениот ќе ги помине следните неколку години во затвор“ – изјави главниот обвинител Џејкоб Кук.

Според судските документи, Андерсон се обидел да му го одземе пиштолот на полицаецот пред дивјачки да го нападне и да го гризне.

По апсењето, тврди полицијата, се пожалил дека има „влакна меѓу забите“.

Андерсон ја призна вината пред надлежниот суд каде ја слушна казната.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

Се урна таванот во супермаркет, повредени најмалку 38 луѓе

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во Загреб: Ученик со нож рани познаник и вработена во училиште

Горан Наумовски

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото