Полицаец направил фалц документи дека дарувал крв за да земе слободни денови

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

– Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 3.3.2026 и 9.7.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 3.3.2026, 4.3.2026 и 5.3.2026, како и за 9.7.2026, 10.7.2026 и 13.7.2026, по што ги искористил. Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, наглaсуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Полицаец на семејна прослава пукаше со пиштол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Д-р Ивановски: Дарувањето органи е одлука што го продолжува животот на другите

За да избегне лисица, полицаец падна од службениот мотор на Водно

А1он

Кривична за полициски службеник, возеше пијан и предизвика сообраќајна незгода

Кривична за полицаец, возеше пијан со активна забрана за управување возило, двојно побрзо од дозволеното

Горан Наумовски