Кривична за полицаец, возеше пијан со активна забрана за управување возило, двојно побрзо од дозволеното

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Пријавениот, на ул. „8 Септември“ во Битола управувал возило „БМВ“, во време кога имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Покрај тоа, возилото го управувал со брзина од 98 км на час во населено место каде дозволената брзина била 50 км, со присуство на алкохол во организмот од 0,73 промили.

По насоки дадени од страна на јавен обвинител, моторното возило е одземено.

Против Д.М. e поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изречена е задолжителна мерки одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 24-годишен насилник од Скопје кој со метална цевка истепа полицаец

Пукал со пиштол во нозе на лице во Велешта, а на полицаец го удрил со автомобилот

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсен е насилник кој нападнал, па му се заканувал на полицаец

Горан Наумовски

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Тошковски ќе го награди полицаецот Беким Исмани кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Полицаец издавал службени тајни за планирани акции на УЈП, ДПИ и ДИТ