ВИДЕО: Со двете „бомби“ на Бејл, Тотенхем го урна Лион

Од:

 Герет Бејл со два извонредни удара му ја донесе победата на неговиот Тотенхем против Олимпик Лион на синоќешниот дуел од Лига Европа. На „Вајт Харт Лејн“ во Лондон, Бејл двапати погодуваше во судиските надополнувања од првото и од второто полувреме, додека голот за францускиот тим го даде Самуел Умтити во 55.минута.

Изненадувања се случија во Неапол, каде што Наполи за кој цел натпревар одигра Горан Пандев загуби од Викторија Плзен, како и поразот на Атлетико Мадрид на домашен терен од Рубин Казан.

Постигнати резултати на првите натпревари од 1/16 финалето од УЕФА Лига Европа: Зенит – Ливерпул 2:0, Анжи – Хановер 3:1, Ајакс – Стеауа 2:0, БАТЕ Борисов – Фенербахче 0:0, Динамо Киев – Бордо 1:1, Леванте – Олимпијакос 3:0, Баер Леверкузен – Бенфика 0:1, Наполи – Викторија Плзен 0:3, Спарта Прага – Челзи 0:1, Атлетико Мадрид – Казан 0:2, Базел – Днипро 2:0, Интер – Клуж 2:0, Борусија Менхенгладбах – Лацио 3:3, Њукасл – Металист 0:0, Штутгарт – Генк 1:1 и Тотенхем – Олимпик Лион 2:1.

Реванш натпреварите се играат на 21 февуари.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска