ВИДЕО: Сите занимиливости за жрепките на светските првенства

Од:

Конгресната палата Кремљ во Москва денеска од 16 часот е местото на одржување на жрепката за групите за Светското првенство, кое од 14 јуни до 15 јули следната година ќе се игра во Русија.

ФИФА се откажа од досегашното одредување на групите според континенталните федерации. За Светското првенство во Русија групите се одредени според рејтингот на ФИФА листата, објавена на 16 октомври, пренесува Хина.

Тоа ќе биде 21-во издание на жрепката во 88-годишната историја на светските првенства. Првиот танц на топчињата е одржан во 1930 во Монтевидео и тоа три дена пред почетокот на натпреварите. До сега на жрепките имаше сешто. Среќата на репрезентациите му ја носеа шестогодишното дете Ив, внук на претседателот на ФИФА Жулс Риме, потоа 11-годишниот Детлеф Ланге член на берлинскиот Шонебергер Сангеркнанбен, кој во 1974 во иста група ги спои непријателите СР Германија и ДДР.

На жрепката пред СП во Шпанија 1982 се расипа барабанот, па жрепката беше повторена. Италијанците во програмата внесоа здив на гламур, а Бразилците на едно место собраа дури осум поранешни светски прваци.

Преглед на занимливости на некои од жрепките

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он