ВИДЕО: Шеста победа во низа за Феникс Санс

Од:

Кошаркарите на Феникс Санс го запишаа шестиот триумф по ред, откако ноќеска славеа на гостувањето во Лос Анџелес против Лејкерси со 116:107.

„Сонцата“ до победата над „езерџиите“ беа предводени од Словенецот Горан Драгич кој постигна 24 поени, а во поразениот тим најефикасен беше Ник Јанг со 21 поен.

На другите пет синоќешни натпревари од НБА лигата постигнати се следниве резултати: Кливленд – Детроит 80:103, Сан Антонио – Хјустон 110:106,  Далас – Оклахома Сити 112:107, Портланд – Њујорк 101:79 и Денвер – Торонто 102:116.

Шест натпревари на програмата се и вечерва: Шарлот – Милвоки, Индијана – Чикаго, Бруклин – Сакраменто, Орландо – Мајами, Хјустон – Вашингтон и ЛА Клиперс – Јута.

Пласман Источна конференција: Торонто 24-7 (победи-порази), Атланта 22-8, Вашингтон 21-8, Чикаго 21-9, Кливленд 18-12,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-5, Портланд 25-7, Мемфис 22-8, Хјустон 21-8, Далас 22-10, ЛА Клиперс 20-11,..

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски