ВИДЕО: Серхио Агуеро обвинет дека удрил редар, се соочува со полициска истрага

Од:

Англиската полиција би можела да отвори истрага против фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро откако редар на денешниот натпревар против Борнмут го обвини дека го удрил при прославата на победничкиот гол.

Сити славеше на гостувањето кај Борнмут со 2-1 со гол на Рахим Стерлинг во седмата минута од судиското надополнување. Фудбалерите на Сити по голот истрчаа пред трибините каде што беа сместени нивните фанови за да го прослават голот, кога неколку фанови влетаа на терен.

Редарите се обидоа да ги вратат на трибите, а еден од нив го опкружија и соборија на тревата. Агуеро во тој момент се обиде да го одбрани и протестираше поради силата употребена од редарите.

Како што пренесуваат британските медиумите, редарот по натпреварот пријавил во полиција дека Агуеро го удрин, а на видео снимката може да се види како аргентинецот за време на инцидентот во неколку наврати се обидува да дојде до тој редар. По разговорот со него, луто одмавна со раката и тогаш полицаец интервенираше и го оддалечи.

Агуеро повторно се обиде да дојде до фанот на теренот, но полицаецот го спречи, по што двајцата се туркаа.

Аргентинецот после тоа се оддалечи, натпреварот продолжи, а фановите на Сити го скандираа неговото име.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска