ВИДЕО: Сампдорија го совлада Јувентус со играч помалку

Од:

Во италијанската Серија А викендов се играат натпреварите од 19. коло кое го одбележуваат шест покажани црвени картони на досега завршените натпревари, како и изненадувачките гостински победи на Сампдорија против лидерот Јувентус и Пескара против Фиорентина.

Сампдорија иако губеше со 1:0 и имаше играч помалку од 32. минута на дуелот со Јувентус, на крајот се радуваше на победата од 2:1. За домаќините ова е втор сезонски пораз пред своите навивачи.

На другите денешни натпревари постигнати се следниве резултати:

Удинезе – Интер 3:0
Милан – Сиена 2:1
Џенова – Болоња 2:0
Парма – Палермо 2:1
Фиорентина – Пескара 0:2
Киево – Атланта 1:0.

Вечерва од 20 часот и 45 минути се игра дербито на колото Наполи – Рома.

На првите две средби од оваа рунда одиграни вчера Катанија –Торино 0:0 и Лацио – Каљари 2:1.

Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Фиорентина 35, Интер 35, Наполи 34, Рома 32, Милан 30…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска