ВИДЕО: Русија ги завршува подготовките за Светското првенство, стадионот во Екатеринбург со надворешни трибни

Од:

Стадионите за Светското првенство во фудбал мора да имаат капацитет од најмалку 35 илјади места, па поради тоа беа инсталирани додатни седишта на стадионот во Екатеринбург, што наиде на потсмев на социјалните мрежи.

На овој стадион беа монтирани додатни трибини надвор од стадионот, бидејќи централниот стадион има капацитет од само 27 илјади места.

Трибините се монтажни и ќе бидат извадени по завршувањето на првенството, по што стадионот ќе има 23 илјади места.

На Светското првенство на овој стадион предвидено е да се играат четири натпревари од групната фаза: Египет-Уругвај, Франција-Перу, Јапонија-Сенегал и Мексико-Шведска.

Екатеринбург е единствениот град на кои што ќе се играат натпревари од Светското првенство, а се наоѓа во азискиот дел на Русија.

Русија ги привршува подготовките за Светското првенство кое што започнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули. Бранител на титулата е репрезентацијата на Германија.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он