Во рамките на 29-то коло од италијанскиата Серија А, вечерва се одиграа последните два натпревари од престојното коло. Својот натпревар требаше да го одигра и Интер во Џенова против Сампдорија, но поради лошите временски услови овој дуел беше одложен.
Рома на „Олимпико“ ја пречека екипата на Парма. „Римската Волчица“ до водство стигна во 7-та минута од натпреварот со голот на Ламела.
Рома во второто полувреме стигна до дуплирање на предноста во 70-та минута благодарение на голот на Франческо Тоти од слободен удар, и со овој резултат од 2:0 заврши средбата.
Другиот римски клуб Лацио, вечерва загуби на гостувањето кај Торино. Римјаните останаа со играч помалку во 16-та минута од натпреварот откако Циани заработи црвен картон. Во 82-та минута Џонатан успеја да се запише во листата на стрелците за екипата на Торино и да слават на овој дуел.