Италијанските фудбалски прволигаши синоќа го комплетираа 18.коло, кое овој викенд заради божиќните празници се играше во петок и во сабота. На последниот натпревар, на „Олимпискиот стадион“ во Рим, Рома го победи Милан со 4:2, а имаше водство и од 4:0.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Аталанта – Удинезе 1:1, Палермо – Фиорентина 0:3, Сампдорија – Лацио 0:1, Сиена – Наполи 0:2, Торино Киево 2:0, Болоња – Парма 1:2, Интер – Џенова 1:1, Каљари – Јувентус 1:3 и Пескара – Катанија 2:1.
Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 36, Фиорентина 35, Интер 35, Наполи 34, Рома 32, Милан 27, Парма 26,…
Следното коло ќе се одигра на 6 јануари 2013 година.