Во вториот натпревар од 24-то коло во италијанската Серија А, Лацио и Наполи ремизираа 1-1 на “Олимпико“, а тоа највеќе му одговараше на Јувентус кој сега има предност од 5 бода во однос на “наполитанците“. Нашиот репрезентативец Горан Пандев се соочи со својот поранешен клуб Лацио, каде на овој меч ги одигра сите 90 минути од натпреварот.
Флокари во 11-та минута му донесе предност на домаќинот, додека упорниот Наполи преку Кампањаро во 87-та минута од мечот израмни на 1-1 и го постави конечниот резултат. Флокари можеше да се прослави вечерва кој покрај единствениот погодок за својот тим во финишот на мечот ја погоди пречката од противничкиот гол.