ВИДЕО: Рекордна деветта победа по ред за Баерн

Од:

Баерн Минхен со победата од 5:0 во Дизелдорф против Фортуна влезе во историјата, откако стигна до рекордната девета победа во серија.

Баварците дојдоа до водство преку Марио Манџукиќ во 28. минута, а Густаво зголеми на 2:0 за сигурно водство на полувремето. Томас Милер со голот на почетокот од вториот дел ја најави 300. победа за Јуп Хајнкес на клупата на Баерн.

Милер беше стрелец и на четвртиот гол во 86. минута, а една минута подоцна Рафиња го постави конечниот резултат.

Во дербито од областа Рур Шалке беше поуспешен од домашната Борусија од Дортмунд, совладувајќи ја со 1-2.

Актуелниот шампион важеше за фаворит во дуелот, но гостите играат во одлична форма, а тоа го докажаа во 14. со голот на Афелај.

Хогер го зголеми водството во 48. минута, кога истрча во контра и излезе сам пред Вајденфелер.

Дортмунд не се предаваше, па шест минути подоцна успеа да намали со голот на Левандовски, кој биеше со глава по нафрлувањето на Ројс од прекин.

Резултати 8. коло:

Баер Леверкузен – Мајнц 2-2

Борусија Дортмунд – Шалке 1-2

Ајнтрахт – Хановер 3-1

Фортуна – Баерн 0-5

Волфсбург – Фрајбург 0-2

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска