Фудбалерите на Реал Мадрид го доживеаја вториот пораз во новата сезона од Примерата. Загубија на гостувањето кај Севиља со 1:0, а виновник за тоа беше Пјотр Троховски кој уште во втората минута ги доведе домаќините во водство, кое се испостави доволно за победата.
Фудбалерите на Барселона го продолжија победничкиот од во Примера славејќи на гостински терен против Гетафе со 4:1.
Виланова реши да го почне мечот без Лионел Меси во првиот состав, го немаше и повредениот Санчез, но и без нив Каталонците поведоа со голот на Адријано во 32. минута. Меси влезе по еден час игра и веднаш двапати ја затресе мрежата на домаќинот. Првиот пат од пенал во 74. минута, а четири минути подоцна од одлична акција уште еднаш погоди. На крајот во 90. минута и Давид Виља се запиша меѓу стрелците. А Масекрано во 81. минута си постигна автогол.