ВИДЕО: Раиконен најбрз на вториот тренинг во Сингапур, Фетел удри во ѕид

Од:

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, оствари најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда за Сингапур, додека неговиот клупски колега Себастијан Фетел удри во ѕид.

Раиконен имаше најбрз круг од 1:38.699 минута, додека со 11 илјадитинки задоцнување втор беше лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

На третата и четвртата позиција завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а петти беше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Фетел заврши на деветта позиција, откако удри во ѕид и го оштети задниот дел на болидот, комплетирајќи само 11 кругови.

Третиот тренинг на патеката „Марина Беј“ ќе се вози утре.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин