Наполи ја совлада гостинската екипа на Џенова, а најголем удел во новиот триумф има капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, кој со прекрасен удар во 18 минута го отвори резултатот на „Сан Паоло”.
Конечните 2:0 во 29 минута од натпреварот ги постигна репрезентативецот на Швајцарија, Блерим Џемаили.
Нов непријатен пораз, втор по ред и повторно на “Џузепе Меаца” доживеаа фудбалерите на Интер кои има предност од 3:1, но на крајот загубија со 4:3 од гостинскиот тим на Аталанта.