Фудбалерите на Рома под водство на новиот привремен тренер Андреацоли стигнаа до многу битна победа, која беше и прва во 2013 година.
Во дербито од 25-то коло „Римската Волчица“ го совлада Јувентус на „Олимпико“ во Рим со 1-0, благодарение на извонредниот „проектил“ на капитенот на Рома, Франческо Тоти во 58-та минута од натпреварот.
Рома со оваа победа се искачи на 7-та позиција со 37 бода, додека „Старата Дама“ останува на чело на табелата, но Наполи со евентуална победа би можел да дојде до 2 бода заостанување.