Огромен скандал на Копа Америка. По натпреварот во кој Колумбија го победи Уругвај со 1:0, имаше грозоморни сцени. Фудбалерите на Уругвај излегоа на трибините и почнаа да се тепаат со навивачите. Хозе Хименез „понуди“ објаснување за овие сцени:
Headshot to Nunez pic.twitter.com/FMSgkL2Aks
— Troll Football (@TrollFootball) July 11, 2024
– На нашите семејства им се закануваа! Моравме да одиме на трибините. Катастрофална организација, никаде ниту еден полицаец – изјави капетанот на Уругвај.
Инаку, на трибините имаше околу 60.000 навивачи на Колумбија и само неколку илјади навивачи на Уругвај. Натпреварот го одигра во Шарлот.
Колумбија и Аргентина се среќаваат во големото финале на Копа Америка.