ВИДЕО: По Ѓоковиќ, сите почнаа да ја спуштаат слушалката

Од:

Американскиот тенисер Бен Шелтон зборуваше за своето карактеристична прослава на победата.

Тој се најде во центарот на вниманието неодамна на УС Опен кога стигна до полуфиналето.

Таму го пречека Новак Ѓоковиќ, кој ја ископира неговата прослава по пласманот во полуфиналето, за што започна дополнителна дискусија на социјалните мрежи за тоа.

Шелтон по тој меч изјави дека секој може да слави по победа како што му одговара, а сега рече дека веќе не е свесен до каде се проширила неговата прослава во светот на спортот.

„Видовте дека тоа го направи Ѓоковиќ и Музети, Фоњини… Момците на Лејвер купот го направија тоа кога освоив важен поен. Се прошири надвор од тенисот, го видов Хакими. Мислам дека го направи тоа на еден меч. Тие ме тагираат мене на социјалните мрежи постојано. Луѓето победуваат и „спуштаат слушалка“. Мене ми е прилично смешно“, рече Шелтон.

Шелтон моментално е во Кина каде игра на Мастерсот во Шангај, а во следното коло ќе игра против Роман Сафиулин.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече од Мастерсот во Мадрид

Предраг Петровиќ

Шелтон смета дека Федерер е најдобриот на сите времиња

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шелтон ја смени прославата со телефонот, откако Новак му „ја спушти слушалката“

Предраг Петровиќ

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Настеасе: Рекордот на Надал на Ролан Гарос е побитен од рекордот на Ѓоковиќ“

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа