Шелтон смета дека Федерер е најдобриот на сите времиња

Од:

Американскиот тенисер Бен Шелтон смета дека Роџер Федерер е најдобриот тенисер на сите времиња.

Моментално 15. играч во светот во интервју за „Газета дело спорт“ изјави дека често го гледал Надал во детството, но дека повеќе го сака Швајцарецот.

“Го проучував Надал и се обидов да му ги украдам тајните. Но, мојот омилен играч отсекогаш бил Роџер. Новак Ѓоковиќ? За три години тој сепак ќе биде сеуште во првите пет, освојувајќи турнири”, изјави Шелтон.

Шелтон неодамна беше елиминиран на турнир во Виена во дуелот со Јаник Синер.

„Тој е само една година постар од мене и веќе постигна многу. Тој води фантастична генерација млади Италијанци и ќе биде во Топ 5 во следните неколку години“, додаде Шелтон.

Го прашале и кој е неговиот омилен американски тенисер, а одговорот логично бил неговиот татко Брајан.

„Ако требаше да излезам надвор од кругот на семејството, тогаш би рекол Енди Родик“, заклучи Шелтон.

Би можело да ве интересира

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер

ВИДЕО: Се расправаше со девојката, а потоа го предаде мечот-скандалот на „најоткачениот“ тенисер

Предраг Петровиќ