Фудбалерите на Парагвај ја совладаа Аргентина со резултат 2:1 во 11. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Мартинез ги доведе Аргентинците во водство во 11. минута, за да израмни Санабрија во 19. минута.
Алдерете го доведе Парагвај во водство на почетокот на вториот дел и до крајот на мечот немаше повеќе промени.
За Аргентина играа најголемите ѕвезди, меѓу кои и Лионел Меси, кои и покрај поразот се уште го држат првото место на табелата.
Фудбалерите на Бразил одиграа нерешено со Венецуела на гости (1:1), во 11. коло од квалификациите. Бразил остана втор на табелата со 17 поени.
Бразилците имаа поконкретни можности, водство, дури и пенал за, победа, но Венецуела одолеа и му одзеде два бода на фаворитот.
Бразил поведе во 43. минута, кога Рафиња постигна феноменален гол од слободен удар.
Венецуела израмни уште во првата минута од продолжението, а голот го постигна Теласко Сеговија.
Бразил можеше да дојде до ново водство во 62. минута, но пеналот на Винисиус го одбрани Рафаел Ромо.
Rafael Romo le tapó un penal a Vinícius Júnior en el juego de las eliminatorias sudamericanas para la Copa Mundial de la FIFA 2026 entre las selecciones de Venezuela (la Vinotinto) y Brasil, en el Estadio Monumental de Maturín, en el estado Monagas. pic.twitter.com/xk4npVSbMT
— Darvinson Rojas Sánchez (@DarvinsonRojas) November 14, 2024