(ВИДЕО) Пандев асистираше за два гола на Наполи

Од:

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше асистент за два гола на својата екипа Наполи во победата над Болоња во 1. коло од новиот шампионат на Италија.

Наполи на стартот на домашен терен славеше победа од 3:0.

Пандев беше асистент на првиот гол, го постигна Каљехон (32. минута) и на третиот гол стрелец беше Марек Хамшик (63. минута). Во 67. минута тренерот Рафаел Бенитез го замени Пандев. Инаку, стрелец на вториот гол во 45. минута беше Хамшик.

На другите натпревари од стартното коло беа постигнати следните резултати: Каљари – Аталанта 2:1, Лацио – Удинезе 2:1, Ливорно – Рома 0:2, Парма – Киево 0:0, Торино – Сасуоло 2:0, Интер – Џенова 2:0, Сампдорија – Јувентус 0:1 и Верона – Милан 2:1.
Вечерва се игра последниот натпревар Фиорентина – Катанија.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска