Фудбалерите на Милан, во второто коло од Серија А ја забележа првата победа во новата сезона.
На „Ренато Делара“ во Болоња, Милан до победата од 3:1 го предводеше Џанпаоло Пацини, кој постигна хет-трик. Пацини, кој во преодниот рок дојде од редовите на Интер, головите ги постигна во 16-та, 77-та и 85-та минута. Болоња во финишот на првиот дел преку Дијаманти успеа да го израмни резултатот.
Претходно, второто коло во Серија А го отворија новите прволигаши Торино и Пескара. Домашниот тим забележа лесна и убедлива победа од 3:0, Сгригну, Бриги и Бјанки беа стрелци за Торино.
Колото ќе се комплетира во недела, а дерби натпреварите ќе се одиграат во Удине и Милано, каде ќе се сретнат Удинезе и Јувентус, односно Интер и Рома.