Со победата од 1:0 против Лил во натпреварот одигран синоќа на „Велодром“ во Марсеј, Олимпик со новите три бодови изби на втората позиција на табелата во Лига 1. Стрелец на единствениот гол беше Џордан Ајев во 46.минута.
Веќе в среда Олимпик Марсеј има шанса да се искачи и на првото место доколку остане непоразен во одложениот натпревар со Олимпик Лион.
На другите натпревари од 14.коло во Француското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Тулуз – Олимпик Лион 3:0, Монпеље – Бордо 1:0, Бастија – Лориен 2:1, Рен – Евиан 0:1, Сошо – Ница 0:1, Нанси – Ајачио 1:1, Ремс – Брест 0:0, ПСЖ – Троа 4:0 и Сент Етиен – Валенсиен 1:0.
Табела: ПСЖ 26 бодови, Олимпик Марсеј 26 (натпревар помалку), Сент Етиен 25, Олимпик Лион 25 (натпревар помалку), Бордо 24.