Објавен е официјалниот спот за Светското првенство во фудбал кое почнува во Русија во четврток.
Песната „Live it up” ја изведуваат Колумбиецот Ники Џем, убавата Ера Иштрефи од Косово и уште неколку познати личности.
Пред се, тоа е американската филмска ѕвезда Вил Смит кој има една рап-секвенца во оваа песна, а во спотот се појавува и фудбалскиот магионичар Роналдињо.