Фудбалерите на Мајнц и го нанесоа првиот пораз на Фортуна, откако во седмото коло, во Бунделигата забележаа победа од 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше македонскиот репрезентативец Николче Новевски на пет минути до крајот на натпреварот.
Баерн Минхен против Хофенхајм го задржа максималниот ефект во првенството. Франк Рибери погоди во 19-та и 47-та минута за победа на Баерн од 2:0.
Сигурна победа забележаа и фудбалерите на Шалке, на домашен терен тие ги освоија бодовите откако со 3:0 го совладаа Волфсбург.
Предноста на домашниот терен ја искорисит и Фрајбург, оваа екипа со 3:0 го совлада Нинберг. Фрајбург вториот и третиот гол ги постигна во судиското надополнување на времето во второто полувреме.
Единствената гостинска победа ја забележа Хамбург, репрезентативецот на Јужна Кореа, Сон го постигна голот со кој ХСВ ги освои трите бода.
Седмото коло во Бундеслигата ќе биде комплетирано во недела со одигрувањето на натпреварите: Борусија Менхенгладбах-Ајнтрахт, Штитгарт-Баер Леверкузен и Хановер-Борусија Дортмунд.