Македонскиот репрезентативец Николче Новески беше стрелец на еден од трите погодоци во победата на Мајнц од 3:1 на гостувањето кај Ајнтрахт.
Новески го постигна третиот гол за Мајнц со кој гостите поведоа со 3:0 и неочекувано славеа со третопласираната екипа во германската Бундес лига.
По 14 одиграни кола Мајнц се наоѓа на солидното седмо место на табелата.