Екипата на ПАОК, вечерва игра против тимот на Челзи во Лигата на Европа, а навивачите на грчкиот тим истакаа голем транспарент на кој пишува „Македонија е една и единствена и е тука“.
Ова не е прв пат истиот транспарент да биде истакнат на домашен натпревар на ПАОК, откако навивачите истото го направија и претходно во квалификациите за европските натпреварувања.