Во сабота навечер во Истанбул ќе се одигра финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Интер. Навивачите на двата тима веќе значително ја подигнаа температурата во Турција и создаваат феноменална атмосфера.
I tifosi dell’#Inter aspettano la squadra in hotel dopo la rifinitura pic.twitter.com/aaZ4V41XZa
— Daniele Mari (@marifcinter) June 9, 2023
Сепак, се чини дека навивачите на Интер отидоа чекор понатаму.
Поддршката за Интер е бурна и жестока токму поради тоа што тимот на Симоне Инзаги е аутсајдер на овој меч. Италијанските навивачи ги пречекаа своите играчи пред хотелот, а дел од нив го пробија обезбедувањето и упаднаа во хотелот.
🤣🤣 I tifosi nerazzurri invadono l’hotel dell’Inter ⚫️🔵 pic.twitter.com/rTfFJVa3i2
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) June 9, 2023
Во салата имаше навивање, а потоа обезбедувањето мораше да побара да си заминат за да не им пречат на играчите.
Сити е голем фаворит во овој дуел и речиси неподелено е мислењето дека ова е конечно годината кога ќе станат шампиони на Европа предводени од Пеп Гвардиола и Ерлинг Халанд во нападот.
Натпреварот започнува во 21:00 часот, а ќе го суди Полјакот Шимон Марцињак.